производи од стиропор
Безбедно однадвор, топло внатре.
Висококвалитетен стиропор за изолација и градежни решенија
Нашите производи од стиропор се создадени со фокус кон иднината на градежната индустрија и претставуваат еколошки одговор на современите предизвици во градежништвото.
Благодарение на своите извонредни термоизолациски својства, нашите производи овозможуваат објектите да задржат пријатна температура во текот на целата година — од високите летни температури до студените зимски денови, обезбедувајќи максимална енергетска ефикасност.
Флексибилноста на нашите производи ги прави соодветни за различни намени, како што се изолација на ѕидови, кровови и подови. Лесната монтажа и прилагодливост кон различни градежни системи овозможуваат едноставна примена и во нови објекти и при реконструкции.
Нудиме помош при изработка на комплетни решенија и партнерство со инвеститори, архитекти и изведувачи. Компанијата обезбедува професионална поддршка и советување, со цел секоја примена да биде оптимизирана за најдобри резултати.
Декоративни елементи од стиропор
Декоративните елементи од стиропор (EPS) претставуваат совршен спој на естетика и функционалност. Со нив лесно се трансформира секој простор – било да станува збор за фасада, ентериер или комерцијален објект.
Нашите производи се дизајнирани да внесат стил, префинетост и уникатен карактер во секој проект, без потреба од тешки и скапи материјали.
Нудиме широк избор на декоративни решенија изработени од висококвалитетен стиропор:
- Фасадни лајсни
- Стиропорни корнизи
- Декоративни столбови и капители
- Рамки за прозорци и врати
- Орнаменти и 3D декоративни панели
- Персонализирани елементи по нарачка
Секој елемент е внимателно изработен за да обезбеди совршен изглед и долготрајност.



[ карактеристики на производите ]
Одлична термоизолација
Стиропорот има многу ниска топлинска спроводливост, што овозможува значително намалување на загубите на енергија.
Висока отпорност на влага
Не впива вода лесно и ги задржува своите изолациски својства дури и во влажни услови.
Добра механичка цврстина
Отпорен на притисок и погоден за различни градежни апликации, особено подни конструкции.
Економичност
Одличен однос цена–квалитет, што го прави еден од најкористените изолациски материјали.
Долготрајност
Не се распаѓа и не ги губи својствата со текот на времето.
Лесна обработка и монтажа
Се сече и обликува едноставно, што овозможува брза и ефикасна инсталација.
Звучна изолација
Покрај топлинската, обезбедува и солидна звучна изолација.
Лесна тежина
Материјалот е исклучително лесен, што го олеснува транспортот, ракувањето и монтажа.
Издржливост
Лесна Монтажа
Енергетско ефикасни
Топлотна изолација
Заштита од влага
Звучна изолација




